свет

Сирија: Велика Британија бара сојузници за терористите на ЈПГ/ПКК

Британија прави обиди за помирување на ЈПГ/ПКК и Националниот совет на сириски Курди, кој се смета за легитимен претставник на сириските опозициски Курди, откако претходните напори на Франција завршија со неуспех

Erdoğan Çağatay Zontur  | 22.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
Сирија: Велика Британија бара сојузници за терористите на ЈПГ/ПКК

АНКАРА (АА) - Британските власти започнаа со посредување меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и опозициските Курди во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од Националниот совет на сириски Курди (ENKS), Велика Британија прави обиди за помирување на ЈПГ/ПКК и Националниот совет на сириски Курди (ENKS), кој се смета за легитимен претставник на сириските опозициски Курди, откако претходните напори на Франција завршија со неуспех.

Претходно во јуни, Франција се состана со претставници на Советот, нудејќи им помош за решавање на нивните несогласувања со терористите на ЈПГ/ПКК.

За време на состанокот во Камишли, Сирија, Националниот совет на сириски Курди (ENKS) го отфрли предлогот на Франција за отворање на канцеларии во окупираните области од страна на ЈПГ/ПКК во северна Сирија.

По налог на Соединетите Американски Држави (САД), британска делегација вчера изутрина заминала во Камишли за да разговара за истото прашање.

„Ставот на Советот ќе зависи од применливоста на предлозите на Велика Британија“, нагласи изворот.

Во обид да станат единствени претставници на сириските Курди, ЈПГ/ПКК во минатото ја замолкна опозицијата во регионот што го окупираше.

Терористичките групи неколкупати киднапираа членови на Националниот совет на сириски Курди (ENKS) и ги затворија или ги ограбија канцелариите на политичките партии поврзани со Советот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.