свет

Во Газа протест за поддршка на Палестинците во израелските затвори

На повик на Ослободителниот фронт на Палестина (FHKC), Палестинците се собраа пред Кабинетот на високиот комесар за човекови права во Газа. Носеа и транспаренти на кои пишуваше: „Не за административниот притвор. Ќе победиме со единство и волја“

Safiye Karabacak  | 22.08.2019 - Обновена : 23.08.2019
Во Газа протест за поддршка на Палестинците во израелските затвори (Foto: Mustafa Hassona/ AA)

ГАЗА (АА) - Во Газа се одржани протести за поддршка на Палестинците во израелските затвори, јавува Anadolu Agency (AA).

На повик на Ослободителниот фронт на Палестина (FHKC), Палестинците се собраа пред Кабинетот на високиот комесар за човекови права во Газа. Носеа и транспаренти на кои пишуваше: „Не за административниот притвор. Ќе победиме со единство и волја“.

На присутните им се обрати Џемил Мезхер, член на Ослободителниот фронт на Палестина (FKHC), кој порача: „Нема да ве заборавиме. Вашиот случај е на врвот на приоритетите на отпорот“.

Илјадници Палестинци завршуваат во израелските затвори како административни притвореници, а најчесто на товар им се ставаат наводните обвиненија дека претставуваат закана по националната безбедност на Израел.

Иако најчесто не се спроведуваат судски процеси, на затворениците со месеци и години им се продолжуваат мерките за притвор, а на нивните адвокати претежно не им се дозволува пристап до т.н. тајни докази.

Во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 палестински затвореници. Одреден број затвореници имаат право на една посета неделно. Во моментот со глад штрајкуваат осум Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın