свет

Велика Британија санкционираше двајца израелски министри поради нивните коментари за Газа

Двајцата „поттикнале екстремистичко насилство и сериозни злоупотреби на човековите права на Палестинците“, рече Лами, како што објави „Би-би-си“.

Burak Bir  | 10.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Велика Британија санкционираше двајца израелски министри поради нивните коментари за Газа

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија санкционираше двајца министри од крајната десница во израелскиот Кабинет поради нивните коментари за Газа, објавија медиумите денес, јавува Анадолу.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич ќе се соочат со забрана за патување и замрзнување на нивните средства како дел од мерките што ги објави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Двајцата „поттикнале екстремистичко насилство и сериозни злоупотреби на човековите права на Палестинците“, рече Лами, како што објави „Би-би-си“.

Според извештајот, како одговор на санкциите, Израел изјавил дека е „скандалозно што избраните претставници и членовите на Владата се подложени на вакви мерки“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.