свет, живот

Сириските деца од Дараја, еден од најтешко погодените региони за време на војната, пешачат до училиште низ урнатините

Разурнатите улици, напуштените домови и остатоците од гранатирањето претставуваат дел од нивната секојдневна рутина на патот до училиштето

Aida Cako  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Сириските деца од Дараја, еден од најтешко погодените региони за време на војната, пешачат до училиште низ урнатините

СКОПЈЕ (АА) - На улиците на Дараја, предградие на сирискиот главен град Дамаск, децата продолжуваат со образованието и покрај тешките услови, потпирајќи се на поддршката од своите семејства, јавува Анадолу.

Секое утро, децата придружувани од постарите браќа, сестри или родителите пешачат кон училиштето низ урнатините на зградите уништени во долгогодишниот конфликт.

Разурнатите улици, напуштените домови и остатоците од гранатирањето претставуваат дел од нивната секојдневна рутина на патот до училиштето.

Дараја, која претрпе масивни разорувања во изминатата деценија, и понатаму се соочува со последиците од воениот конфликт, но децата кои секојдневно одат на училиште низ разрушените улици се сметаат за симбол на упорност и издржливост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.