свет

Сингапур: Бебе од мајка заразена со Ковид-19 родено со антитела

Селин Нг-Чан, која со коронавирусот е заразена во текот на бременост, роди машко бебе кај кое е потврдено постоење на антитела против вирусот

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 29.11.2020 - Обновена : 30.11.2020
Сингапур: Бебе од мајка заразена со Ковид-19 родено со антитела

АНКАРА

Жена во Сингапур, која во текот на бременоста е заразена со коронавирусот, во ноември роди син кој имал антитела, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Селин Нг-Чан, која со коронавирусот е заразена во текот на бременост, роди машко бебе кај кое е потврдено постоење на антитела против вирусот.

Лекарите приметија дека бебето Алдрин, не само дека е родено здраво и незаразено со Ковид-19, туку има и антитела против вирусот.

Кај мајката, од друга страна, не е забележано постоење на антитела.

„Лекарот верува дека моите антитела против Ковид-19 преминале на синот", вели 31-годишната мајка Нг-Чан која поради средно тешка клиничка слика поминала две недели во болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın