свет

Силите на Хафтар се заканија со соборување цивилни авиони во и околу Триполи

Силите на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимната вооружена милиција од источна Либија, порачаа дека главниот град Триполи и неговата околина ги прогласиле за „зона на забранети летови

Enes Canlı  | 22.01.2020 - Обновена : 24.01.2020
Силите на Хафтар се заканија со соборување цивилни авиони во и околу Триполи

ТРИПОЛИ (АА) - И покрај повиците за примирје од Конференцијата во Берлин, силите на Хафтар во Либија се заканија со соборување на цивилните авиони кои ќе летаат во воздушниот простор над и околу Триполи, јавува Агенција Анадолија (AA). 

Силите на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимната вооружена милиција од источна Либија, порачаа дека главниот град Триполи и неговата околина ги прогласиле за „зона на забранети летови“ и се заканија дека ќе ги соборат цивилните авиони кои се приближуваат кон подрачјето, и покрај повикот за прекин на огнот на Берлинската конференција.

Гласноговорникот на нелегитимните сили на Хафтар од источна Либија, Ахмед Мисмари, објави дека за „зона на забранети летови“ го прогласиле подрачјето што се протега од градот Гирјан, 120 километри јужно од Триполи, до градот Терхуне, 90 километри југоисточно, па сè до брегот на Триполи, вклучувајќи го и аеродромот „Митига“.

Мисмари порача дека сите цивилни и воени авиони во наведената зона ќе ги смета за „легитимни цели“, вклучувајќи го и аеродромот „Митига“, кој е единствениот излез на главниот град кон светот. 

Меѓународно легитимната Влада на национално единство во Либија денес соопшти дека милициите на Хафтар го погодиле аеродромот „Митига“ во Триполи со шест проектили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın