свет

Еднодневен штрајк на грчките острови поради мигрантската криза

Демонстрантите протестираа против политиката на Владата и Европската Унија (ЕУ). Носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашите острови ни припаѓаат нам“ и „Ги сакаме назад нашите острови“

Ayhan Mehmet  | 22.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Еднодневен штрајк на грчките острови поради мигрантската криза Фото: Атинска новинска агенција

АТИНА (АА) - На грчките острови Лезбос, Хиос и Самос, илјадници вработени во јавниот сектор излегоа на штрајк за да го привлечат вниманието кон мигрантската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).

На еднодневен штрајк на улиците излегоа околу 10.000 граѓани, а по тој повод продавниците беа затворени.

Повик за штрајк упатија општините, а го поддржаа разни здруженија, жителите на островите, како и јавните институции. Станува збор за граѓани на островите кои се најмногу погодени од мигрантската криза.

Околу 10.000 луѓе, меѓу кои и градоначалници, поранешни заменици и високи службеници, се собраа денеска на Лезбос каде што беше одржана мирна прошетка.

Демонстрантите протестираа против политиката на Владата и Европската Унија (ЕУ). Носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашите острови ни припаѓаат нам“ и „Ги сакаме назад нашите острови“.

Градоначалникот Стратис Кителис во обраќањето истакна дека целта на собирот е испраќање порака дека не се сами и дека нивниот глас ќе стигне до премиерот и до другите официјални лица.

„Сакаме итно да се намали пренатрупаноста на островот и контролата да ја преземат организациите од невладиниот сектор. Бараме заштита на нашите морски граници“, рече Кителис.

Се очекува слични протести во текот на утрешниот ден да се одржат во Атина.

Во преполниот камп „Мориа“ на Лезбос, во моментов се наоѓаат илјадници мигранти од различни земји кои секојдневно се борат со многу лоши услови за живот.

Во кампот со капацитет од 3.000 луѓе во моментот има околу 18.000, претежно жени и деца.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.