İdiris Okuduci
22 Јануари 2020•Ажурирај: 23 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фаисал бин Ферхан, изјави дека неговата земја е подготвена на преговори со Иран, но нагласи дека тоа во потполност зависи од Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ферхан престојува во швајцарскиот град Давос, каде што во тек е јубилејниот 50. Светски економски форум (WEF). Одговарајќи на прашањата на новинарите, тој се осврна на односите на релација Ријад - Техеран.
Наведувајќи дека Иран треба да го прифати фактот дека со прибегнување кон насилство нема да оди понатаму во остварувањето на своите регионални цели, Бин Ферхан смета дека тоа би можело да биде и еден од предусловите за дијалог.
„Подготвени сме да преговараме со Иран, но тоа во потполност зависи од Иран“, порача шефот на саудиската дипломатија, Фаисал бин Ферхан.