свет

Трамп: „Боинг е големо разочарување“

Трамп изјави дека на американската економија ѝ е нанесена голема штета по двете минатогодишни несреќи со авионите на „Боинг“, во кои животот го загубија 346 лица

Beyza Binnur Dönmez  | 22.01.2020 - Обновена : 22.01.2020
Трамп: „Боинг е големо разочарување“

ДАВОС (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини компанијата „Боинг“ дека со авионот „737 Макс“ нанела голема штета на американската економија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Тоа е многу разочарувачка компанија“, изјави Трамп во интервју за медиумската куќа „Си-ен-би-ес“ (CNBC), во рамките на Светскиот економски форум во Давос.

На прашањето да ја коментира работата на американскиот произведувач на авиони „Боинг“, Трамп изјави дека таа до минатата година била една од најголемите компании на светот, а дека многу работи одеднаш се промениле.

Тој изјави дека на американската економија ѝ е нанесена голема штета по двете минатогодишни несреќи со авионите на „Боинг“, во кои животот го загубија 346 лица, а целата флота „737 Макс“ потоа поради безбедносни причини беше приземјена.

„Боинг за мене е едно големо, големо разочарување“, изјави Трамп.

„Боинг“ претрпе огромни финансиски и деловни загуби откако минатата година нејзините два авиона се урнаа на летовите во Етиопија и Индонезија. Првиот срушен авион беше на „Етиопија ерлајнс“ во Адис Абеба во март, а во октомври истата судбина во Џакарта го погоди и авионот на „Лион ер“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın