Ekipa
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија изрази загриженост поради најавениот план на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да започне процедура за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани официјални лица на Белата куќа синоќа потврдија дека постои таков план на Трамп, а претседателот денес најави обраќање пред јавноста.
Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, порача дека официјален Лондон е загрижен поради тој план, но оти треба да се почека и да се сослуша што има Трамп да каже за тоа.
„Ерусалим очигледно мора да биде дел од финалниот договор меѓу Палестинците и Израелците, договор врз основа на преговорите што сакаме да ги видиме“, изјави утринава Џонсон пред новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.
„Велика Британија не планира да ја преместува амбасадата во Израел“, изјави Џонсон.