Selen Temizer
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Британскиот весник „The Times“ (Тајмс), тврди дека постои можност, како резултат на договорот од Рака постигнат меѓу терористичката организација ПЈД/ПКК и ДЕАШ, милитантите на ДЕАШ да се упатат кон Европа и да започнат со изведување на напади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува весникот, во рамките на споменатиот договор, постигнат за време на операцијата во Рака, стотици терористи на ДЕАШ го напуштија сирискиот град, а некои се упатија кон границата со Турција, каде што се уапсени.
Новинарите на Тајмс направија и интервју со 26-годишниот цивил Садам ел Хамади, кој заедно со терористите на ДЕАШ се обидел да премине во Турција каде што е приведен.
Во текстот се додава дека изјавите на овој цивил ги оправдале претходните стравувања дека милитантите на ДЕАШ се упатуваат кон Европа за да изведуваат напади.
Да потсетиме, ПЈД/ПКК, која има поддршка од САД, на 17 октомври го зазеде центарот на градот Рака во Сирија, кој дотогаш беше под контрола на ДЕАШ. ДЕАШ потоа постигна договор со ПЈД/ПКК за нивните припадници да го напуштат градот.
ПЈД/ПКК во рамките на договорот со терористите на ДЕАШ дозволи безбедно да го напуштат градот.