Servet Günerigök
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пандемијата на Ковид-19 е полоша од нападите на Перл Харбор и нападите на кулите близначки кај Светскиот трговски центар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поминавме низ најлошиот напад што некогаш го имавме врз нашата земја. Ова е навистина најлошиот напад што сме го имале досега“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Ова е полошо од Перл Харбор. Ова е полошо од нападот на Светскиот трговски центар.“
Трамп изјави дека пандемијата можела да се стопира во Кина, но не се случило тоа.
САД се земја со најголем број случаи на заразување со Ковид-19 и починати лица од последиците на вирусот во светот. Во моментот, во земјата има повеќе од 1,2 милион случаи и повеќе од 72.000 починати лица.
Перл Харбор е поморска база кај Хонолулу, Хаваи, која беше погодена од изненадувачки напад од страна на јапонските сили во декември 1941 година. Во бомбашкиот напад беа убиени 2.403 Американци, што ги вовлече САД во Втората светска војна.
Припадниците на Ал Каеда на 11 септември 2001 година во утринските часови извршија терористички напади во Њујорк со киднапирани патнички авиони кои удрија во кулите близначки, Светскиот трговски центар (СТЦ), убивајќи 2.753 Американци.