Ahmet Gençtürk
06 Декември 2023•Ажурирај: 07 Декември 2023
АТИНА (АА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека израелските напади врз Појасот Газа ја попречуваат испораката на медицински материјали за опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.
Во објава на социјалната мрежа Х, Гебрејесус рече дека СЗО ги преместила медицинските залихи од складиштето во Хан Јунис во помало складиште во Рафа, откако добила предупредување од израелската војска.
„Ова резултираше со одложување на планираната испорака на лекови за потребите на Лекари без граници и Агенцијата на ОН за палестински бегалци“, рече Гебрејесус.
Тој предупреди дека во Појасот Газа е потребен континуиран и безбеден проток на медицинска помош со цел да им биде пружен медицински третман на луѓето.