Ekipa
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) регистрираше најмалку 2.134 смртни случаи поврзани со колерата во Јемен од месец април, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение, СЗО истакнува дека во последните месеци во земјата се регистрирани дури 777.229 сомнителни случаи на колера.
Агенцијата на ОН соопшти дека во северозападната покраина Хаџа е забележан најголем биланс на жртви - речиси 400, додека покраината Сокотра, мал архипелаг од четири острови во Арапското Море, е единствениот дел од земјата кој остана незафатен од епидемијата.
Во Јемен започнаа судири во 2014 година, кога бунтовниците Хуси заземаа голем дел од земјата. Судирите ескалираа во 2015 година кога Саудиска Арабија започна воздушна кампања за враќање на придобивките на Хусите.
Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, над 3 милиони Јеменци ги напуштиле своите домови од почетокот на судирите, додека повеќе од 20 милиони имаат потреба од хуманитарна помош.