Furkan Naci Top
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
АТИНА (АА) - Грчките пензионери одржаа протест против скратените приходи во рамките на мерките за штедење, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 1.500 пензионери се собраа на лоштадот „Коѕијас“ во главниот град Атина, и маршираа кон зградата на Министерството за труд и социјална политика.
Пензионерите велат дека скратувањето на месечните пензии е нечовечно и носеа транспаренти со натпис: „Го ограбувате народот“ и „Откажете ги меморандумите“.
Протестот заврши по средбата меѓу делегација на пенизонерите со високи претставници од министерството.
Мерките за штедење воведени поради финансиската криза во Грција, во последните осум години предизвикаа намалување на пензиите во просек од 40 отсто.
Според предлог-буџетот за 2018 година, кој вчера беше поднесен во Парламентот, се планира пензиите да се намалат во однос на минатата година.