Turgut Alp Boyraz
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска денес 119. пат упадна во палестинското село Аракиб, кое се наоѓа во пустината Негев, и ги урна станбените објекти на Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
Азиз Ет-Тури, член на Комитетот за одбрана во Аракиб, за АА потврди дека израелските сили утринава дошле во селото и под изговор дека се бесправно изградени, со помош на булдожер ги срушиле сите станбени објекти во ова палестинско село.
Тури истакна дека селото од 2010 година до денес е срушено 119 пати. „Израел претходно секој месец го рушеше ова село, меѓутоа, сега тоа се случува на секои две или три недели“, порача Азиз Ет-Тури.
Селото последен пат е срушено кон средината на септември. Според палестинските извори, Израел до денес има преземено 11 од вкупно 12 милиони дунуми (12.000 квадратни километри) територија, на која живеат 220 илјади Палестинци.