Ekipa
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
АТИНА (AA) - Грчките новинари утрово стапија во 24-часовен штрајк во знак на протест поради реформата на социјалното осигурување, како дел од мерките што од Грција ги побараа меѓународните кредитори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од шест часот утрово по локално време, до шест часот утре, медиумските куќи нема да емитуваат вести, порталите нема да објавуваат нови содржини, а утре во продажба нема да има ниту весници.
Најголемиот грчки синдикат на новинарите „ESIEA“ (ЕСИЕА) ја повика Владата да усвои закон со којшто би бил зачуван посебен здравствен фонд за медиумските работници.
Грчките новинари штрајуваа повеќепати поради реформите на социјалното осигурување.
Медиумите во таа земја се тешко погодени од финанскиската криза со којашто Грција се соочува од 2010 година, а која веќе доведе до затворање на повеќе медиумски куќи.