Ömer Koparan,Adham Kako,Said İbicioğlu
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - ОМЕР КОПАРАН - Семејствата во ослободениот сирискиот град Aфрин, чии деца избегале од градот за да не бидат присилно вооружени од страна на терористите на ЈПГ/ПКК и однесени во нивните редови, со нетрпение очекуваат средба со своите најблиски, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија го исчистија Африн од терористи, многу семејства се вратија во своите домови, но многумина од нив се уште чекаат да се сретнат со своите деца кои како резултат на терористичката окупација биле принуден да побегнат надвор од земјата.
Во разговор за Anadolu Agency (AA) жителите на Африн зборуваа за терористичките притисоци на кои биле изложени во својот град.
Абу Фарук е татко на три деца, но тој и неговата сопруга во моментов живеат само во Африн.
„Мојата сопруга и јас сме сами. Ние бевме изложени на голем притисок од терористичката организација. Затоа нашите деца избегаа од Aфрин. Двата сина се во Турција, третиот во Либан", рече Фарук.
Тој додава дека неговите синови избегале од Африн, бидејќи терористите сакале да ги однесат.
„Синовите во Турција не сум ги видел веќе пет години, а синот во Либан речиси 10. Сакаме да ги видиме повторно, сакаме да се вратат", вели Фарук.
Мухамед Рашид, татко на пет деца од Африн, исто така рече дека терористите сакале да ги одведат неговите синови.
„Моите синови се во брак, имаат свои деца за кои мора да се грижат. Организацијата сакаше да ги однесе, но тие се одлучија да го напуштат Aфрин. Подоцна дознавме дека двајцата се во Турција а еден во Германија", вели Рашид.
Тој нагласи дека поради терористичката организација, со години е одделен од неговите синови. Како што рече, со нив живее само еден син, кој терористите исто така го бараа, но не дозволил да го одведат.
Жител на Африн, Али Абдо, рече дека лично гледал како терористите ги носеле децата во своите редови.
„Децата помлади од 15 години ги труеа со нивната идеологија. Ги испираа нивните мозоци. Голем е бројот на деца кои беа однесени без знаење на нивните родители", рече Aбдо.
Тој додаде дека семејствата биле принудени да ги испраќаат своите деца во странство.
„Терористите им се закануваа на семејствата. Поради нив не можеме долго време да се движиме слободно. Вие Турците дојдовте и ни донесовте мир", рече жител по име Махмут Ало.
Силите на Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија на 18 март го ослободија Африн од терористите.