свет

Северна Кореја: САД не се во позиција да ја критикуваат Кина

- Во соопштението на Работничката партија на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјавите на американскиот државен секретар Мајк Помпео против Комунистичката партија ги окарактеризираа како „глупост“, јавува „Чајнал њуз Азиа“ (Channel News Asia).

Emel Gözellik  | 04.06.2020 - Обновена : 04.06.2020
Северна Кореја: САД не се во позиција да ја критикуваат Кина

АНКАРА

Од Северна Кореја порачаа дека САД не се во позиција да ја критикуваат Кина поради прашањата како Хонгконг или човековите права, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Работничката партија на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјавите на американскиот државен секретар Мајк Помпео против Комунистичката партија ги окарактеризираа како „глупост“, јавува „Чајнал њуз Азиа“ (Channel News Asia).

Партијата на Ким ги обвини САД за завера и шпионажа против другите земји.

Нагласено е дека САД не се во позиција да ја критикуваат Кина поради прашањата како што се Хонгконг или човековите права и дека Помпео, како што е наведено, е прилично неук за тоа каде излегува а каде заоѓа Сонцето.

Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше Законот за национална безбедност кој го усвои Кинескиот народен конгрес (Национално собрание) и порача дека со него се планира да ѝ се наштети на административната автономија и слободата на Хонгконг кои ѝ се дадени на оваа област во согласност со Кинеско-британската заедничка декларација потпишана во 1984 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.