Иранската парламентарна комисија го одобри планот за наплата на такси во Ормускиот Теснец
За предлог-законот да стане закон, тој мора да помине на гласање во полн состав на Парламентот, по што треба да биде разгледан од Советот на чувари и потпишан од претседателот
ИСТАНБУЛ (АА) – Комисија на иранскиот Парламент го одобри планот за наплата на такси за бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец, јавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Мерката, одобрена од Комисијата за национална безбедност, предвидува серија нови регулативи за управување со овој стратегиски воден пат, вклучувајќи и финансиски одредби со кои од бродовите ќе се бара да плаќаат транзитни такси во иранската национална валута – ријал.
Според новинската агенција „Фарс“, членот на комисијата Моџтаба Зареи изјави дека предлог-законот вклучува и ограничувања со кои им се забранува премин низ Теснецот на бродови поврзани со САД и Израел.
Дополнителните одредби предвидуваат забрана за пристап за земјите кои се приклучиле кон едностраните санкции против Иран.
За предлог-законот да стане закон, тој мора да помине на гласање во полн состав на Парламентот, по што треба да биде разгледан од Советот на чувари и потпишан од претседателот.
Регионалните ескалации продолжуваат да се разгоруваат откако Израел и САД започнаа заедничка офанзива против Иран на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Иран и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
