Emel Gözellik
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА
Во изминатите 24 часа во Кина е потврден еден нов случај на заразување со Ковид-19, додека во Јужна Кореја се откриени 39 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националниот здравствен завод на Кина соопшти дека станува збор за увезен случај, а дека во истиот период не е забележан ниту еден смртен случај поврзан со Ковид-19.
На кинеското копно досега со Ковид-19 се заразени 83.022 лица, од кои 69 сѐ уште се лекуваат, додека 4.634 заразени починале.
Јужнокорејскиот центар за превенција и контрола на болестите соопшти дека во текот на изминатиот ден се потврдени 39 нови случаи на заразување.
Во соопштението се наведува дека поголемиот дел од случаите се забележани во главниот град Сеул.
Вкупниот број на заразени во Јужна Кореја достигна 11.629, додека бројот на починати од последиците на Ковид-19 изнесува 273.
Во јужнокорејските болници сѐ уште се лекуваат 857 заразени.