свет

Трамп објави видеоснимка од големи експлозии во екот на новите напади врз Иран

Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека САД погодиле големо складиште за муниција во иранскиот град Исфахан со бомби за пробивање бункери, тешки 900 килограми

Diyar Güldoğan  | 31.03.2026 - Обновена : 31.03.2026
Трамп објави видеоснимка од големи експлозии во екот на новите напади врз Иран

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео од големи експлозии за време на новите напади врз Иран, пренесува Анадолу.

Трамп на својата мрежа „Трут соушал“ сподели нецензурирано видео од експлозиите без никаков опис.

Претходно, „Волстрит журнал“ објави дека САД погодиле големо складиште за муниција во иранскиот град Исфахан со бомби за пробивање бункери, тешки 900 килограми.

Цитирајќи американски официјален претставник, весникот објави вели дека во нападот биле користени голем број такви бомби, односно пенетрациска муниција.

Утринава исто така беа слушнати експлозии и во иранскиот главен град Техеран.

Регионалните тензии ескалираа по заедничката американско-израелска офанзива врз Иран што започна на 28 февруари, во која загинаа повеќе од 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Иран и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.