Emre Aytekin
04 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
МИНЕАПОЛИС
Афроамериканецот Џорц Флојд, кој на 25 мај почина од последиците на полициско насилство во Минеаполис, во април бил позитивен на тестот на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот за судска медицина на округот Хенепин го објави обдукцискиот извештај во кој е наведено дека причината за смртта на Џорџ Флојд е срцев удар, а објавени се и останатите детали од неговиот здравствен картон.
Во извештајот се наведува дека Флојд на 3 април бил тестиран на Ковид-19 и дека неговиот примерок бил позитивен, иако не покажувал никакви симптоми на вирусот.
Истакнато е дека дека неговите бели дробови во моментот на смртта биле здрави, а дека било воочено стеснување на некои артерии меѓу белите дробови и срцето.
Освен насловот „причина за смртта“, под насловот „останати важни услови“, во извештајот се наведува дека е забележано труење со фентанил, еден вид на опиум, како и употреба на метамфетамини во последно време.
Бруталното апсење на Флојд се случи на 25 мај во Минеаполис и предизвика масовни протести низ САД на кои демонстрантите го осудуваат полициското насилство и расизмот.
Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) беше уапсен откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимките од бруталното приведување беа објавени на социјалните мрежи, на кои се гледа како полицајците му ставаат лисици и го спуштаат на земја, а едниот од нив го притиска коленото врз вратот на Флојд. Тие тврдеа дека тој се спротивставил на приведувањето.
И покрај тоа што Флојд во неколку наврати рекол дека не може да дише, полицаецот не го кренал коленото од неговиот врат. Набргу потоа Флојд изгубил свест, но полицаецот ја задржал истата положба врз жртвата. Флојд починал набргу откако бил пренесен во болница.
Неговите последни зборови „Не можам да дишам“ станаа слоган на протестите низ државата.