Recep Şakar
07 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
МЕЛБУРН
Се сруши авион во близина на австралискиот главен град Канбера, при што животот го загуби пилотот на авионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Канбера тајмс“, од засега непознати причини се срушил авион од типот „XL-2 Liberty“ во подрачјето на Брејдвуд, кое се наоѓа на 90 километри источно од Канбера.
Во авионот се наоѓал само пилотот, кој смртно настрада во несреќата.
Авионот се срушил додека слетувал на пистата на приватно земјиште.
Австралискиот Орган за безбедноста на цивилното воздухопловство (CASA) истакна дека истрагата за откривање на причината за паѓањето на авионот ќе се води од страна на тројца експерти кои имаат искуство во областа на технички дефекти, операции и одржување на авиони.