Ömer Koparan
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ЏАРАБУЛУС
Најмалку две лица загинаа, а едно е рането во експлозии на северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозиите се случиле во Џарабулус кога се активирани експлозивни направи, претходно монтирани на две возила. Се работи за подрачје кое е под контрола на сириската опозиција. Бомбите се поставени на возилата на еден член на локалната управа и Слободната сириска војска.
Загинаа припадници на Слободната сириска војска, а ранет е еден цивил.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот. Меѓутоа, претпоставка на безбедносните сили е дека зад нападот стои терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Цивилите се честа цел на ЈПГ/ПКК на подрачјето на Азаз, Ал Баб, Џарабулус и Африн.