Fuat Kabakcı
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската народна банка (Централна банка) соопшти дека длабоко жали за обвинувањата на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) дека администрацијата на Пекинг е „манипулатор со девизи“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Кина длабоко жали за тоа“, се вели во соопштението на Кинеската народна банка (Централна банка).
Етикетирањето е еднострана и заштитна мерка што ќе им наштети на меѓународните правила и ќе има значително влијание врз глобалните економски и финансиски пазари.
Кинеската валута јуан падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 11 години.
Министерството за финансии на САД ја обвини Кина за манипулација со девизи.
Намалувањето на вредноста на кинеската валута и стопирањето на кинеските компании да набавуваат земјоделски производи од Соединетите Американски Држави се случи веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе се спроведува дополнителен данок за кинеската стока.
Пред неколку дена Трамп соопшти дека од 1 септември ќе се спроведува дополнителен данок од 10 проценти на кинеската стока во вредност од 300 милијарди американски долари.
На 12. трговски преговори помеѓу Кина и САД во Шангај немаше конкретен договор. Соопштено беше дека следните преговори ќе се одржат идниот месец во САД.
Кинескиот лидер Ши Џинпинг и американскиот претседател Трамп на Самитот на лидерите на Г-20 во Јапонија што се одржа минатиот месец донесоа одлука да ги продолжат трговските преговори.