Adam Abu-bashal
14 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
АБУЏА
При превртување на чамец со патници во нигериската државата Борно, според првичните информации, животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија националните медиуми, чамецот со 21 патник потонал во реката во селото Бума поради преоптовареност.
Според првичните информации, во несреќата животот го загубија 8 лица, а 2 лица се спасени.
Во веста се наведува дека властите спроведуваат операции за пронаоѓање на другите патници, изразувајќи загриженост поради можноста за зголемување на бројката на починати.
Во сезоната на дождови, честа појава се несреќите со превртување на чамци и бродови во реките низ Нигерија.