Hakan Çopur
14 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
ВАШИНГТОН
Американското разузнавање објави дека талибанците би можеле да го опколат Кабул, главниот град на Авганистан, за период од три дена до една недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста за која „Си-ен-ен“ се повикува на американската разузнавачка проценка и на неименуван американски дипломатски извор, сценариото талибанците да го опколат Кабул за 3 дена до 1 недела се оценува во Вашингтон.
„Си-ен-ен“, повикувајќи се на проценката што ја даде американската разузнавачка служба и на изјавата од неименуван американски дипломатски извор, објави вест во која е дадена проценката на Вашингтон за можно сценарио, според кое талибанците би можеле да го опколат Кабул во период од три дена до една недела. Американските разузнавачки агенции, кои претходно предвидуваа дека на талибанците им е потребен подолг период да го изолираат Кабул, сега сметаат дека во услови на брзиот напредок на талибанците, тоа би се случило за период од една недела.
Администрацијата на Џо Бајден, која не презеде никакви чекори против напредувањето на талибанците, ѝ даде приоритет на евакуацијата на персоналот во Амбасадата во Кабул.
Од друга страна, според истата вест, се забележува дека на персоналот во американската Амбасада во Кабул му било наложено „да ги уништи сите чувствителни материјали“.
Според пораката испратена до персоналот на американската Амбасада, која е видена од „Си-ен-ен“, американските власти одлучиле да преземат таков чекор со цел да спречат употреба на наведените материјали во пропагандни цели.
Џон Кирби, портпаролот на американското Министерство за одбрана (Пентагон), на вчерашниот брифинг со новинарите изјави дека е започната операцијата за евакуација на персоналот во Амбасадата во Кабул, во која се вклучени 3.000 американски војници, и додаде дека ќе се возврати на каков било напад врз нивните војници во земјата.