свет

Извештај: Трамп ја овластил ЦИА да подготви планови за тајни операции во Венецуела

Од почетокот на септември САД изведоа 21 напад врз пловни објекти во Карипското Море и источниот дел на Пацификот, за кои тврдат дека шверцувале дрога, при што биле убиени 83 лица

Rabia İclal Turan  | 19.11.2025 - Обновена : 19.11.2025
 Извештај: Трамп ја овластил ЦИА да подготви планови за тајни операции во Венецуела

ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дал одобрение на ЦИА да подготви планови за тајни операции во Венецуела, како дел од пошироката кампања на притисок врз Владата на претседателот Николас Мадуро, пренесува Анадолу.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на повеќе луѓе информирани за ова прашање, објави дека Трамп потпишал потенцијални тајни мерки што би можеле да имаат цел да го подготват бојното поле за понатамошни дејства.

Паралелно со тоа, Белата куќа повторно отворила тајни канали за комуникација со Каракас, при што Мадуро во еден од разговорите наводно сигнализирал дека би можел да се повлече по одреден транзициски период.

Во телевизиското обраќање во понеделникот Мадуро предупреди дека секоја евентуална американска воена интервенција би го означила „политичкиот крај“ на Трамп, обвинувајќи луѓе блиски до американскиот претседател дека „провоцираат“ вооружен конфликт за политичка штета. Тој повтори дека Венецуела останува подготвена за директен дијалог, нагласувајќи дека дипломатијата е „непроменлива“ позиција на неговата Влада.

Од почетокот на септември САД изведоа 21 напад врз пловни објекти во Карипското Море и источниот дел на Пацификот, за кои тврдат дека шверцувале дрога, при што биле убиени 83 лица.

Претходно Трамп најави дека САД би можеле да таргетираат и наводни трговски мрежи за дрога на територијата на Венецуела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.