Sinan Doğan, Fatma Esma Arslan
14 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
БОГОТА
Од почетокот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил од последиците на заразеност со вирусот животот го загубија најмалку 300 новинари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на Националното здружение на новинари во Бразил (FENAJ), Марија Хозе Брага, изјави дека билансот можел да биде многу потрагичен, но ситуацијата донекаде е стабилизирана благодарение на националната програма за вакцинација.
„Нашите колеги починаа заразувајќи се во текот на извршувањето на новинарската задача. Им оддаваме должна почит.“
Во Бразил од почетокот на пандемијата досега се потврдени повеќе од 20,8 милиони случаи на зараза со коронавирус, од кои животот го загубија 567.914. Бразил е втора земја во светот според бројката на смртни случаи предизвикани поради заразеност со Ковид-19, а трета според бројката на регистрирани случаи на зараза со коронавирус.