Tufan Aktaş
22 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
МОГАДИШУ (AA) - Во една контролна точка во сомалискиот главен град Могадишу се случи самоубиствен напад, при што животот го загубија 16 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, возилото бомба на самоубиствениот напаѓач удрило во контролната точка додека се обидувало да ги премине бариерите на влезот на сомалискиот Театар во главниот град на оваа земја.
Во настанатата експлозија животот го загубија 16 лица, меѓу кои заменикот-градоначалник на општина Могадишу, Мухамед Абдула Тулах, пратеникот Варсеми Џудах и новинарот од „Universal TV“, Авл Тахир Салед.
Се вели дека во случајот се повредени над 20 лица, од кои повеќето се војници.
Од друга страна, се случи бомбашки напад на плоштад во Могадишу, но нема жртви или повредени.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација Еш-Шебаб.