Sayed Khodaberdi Sadat,Mustafa Deveci
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 41 лице загина, а 84 се повредени во бомбашкиот напад извршен утрово врз зградата на културниот центар „Табјан“ во Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Од авганистанското Министерство за внатрешни работи потврдено е дека бомбашот-самоубиец влегол во зградата на културниот центар, во кој се наоѓа и новинската агенција Ава, и ја активирал експлозивната направа.
По овој напад се случија уште две експлозии на бомби, кои претходно биле поставени во зградата.
Портпаролот на авганистанското Министерство за здравство, Вахиг Мекрух, изјави дека во нападот загинале 41 лица, а ранети се 84.
Тој изјави дека меѓу загинатите има четири жени и две деца. Мекрух нагласи дека меѓу ранетите има и такви кои се во тешка здравствена состојба.
Авганистанскиот претседател, Ешреф Гани, нареди да се покрене истрага во врска со утврдувањето на деталите на овој напад.
Очевидците наведуваат дека по самоубиствениот напад, во зградата влегол вториот напаѓач и отворил оган врз присутните.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација ДЕАШ. Цел на нападот беше зградата на културниот центар на најголемата етничка група во земјата, шиитските Хазари.