Dildar Baykan Atalay
28 Август 2021•Ажурирај: 31 Август 2021
ВАШИНГТОН
САД соопштија дека извршиле воздушен напад во Авганистан против водачот на ДЕАШ-К, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во близина на аеродромот во Кабул во четвртокот, на 26 август, известува Агенција Анадолија (АА).
Полковник Бил Урбан, портпарол на американските Централни сили (CENTCOM), објави писмено соопштение во кое вели: „Воените сили на САД во рамките на борбата против тероризмот извршија антитерористичка операција против водачот на ДЕАШ-К.“
Посочувајќи дека споменатата операција е изведена со беспилотно летало во провинцијата Нангархар во Авганистан, Урбан наведе: „Според првичните информации, лицето кое беше цел е убиено. Знаеме дека нема цивилни жртви.“
- Терористичкиот напад на аеродромот во Кабул
Самоубиствениот напад се случи во четвртокот во близина на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, каде што во тек се активности за евакуација. Во терористичкиот напад животот го загубија повеќе од 170 авганистански цивили и 13 американски војници.
ДЕАШ-К ја презеде одговорноста за нападот, а американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе возвратат на нападот.