САД: Издадени наредби за евакуација поради пожарите во Калифорнија
Одделот на шерифот на округот Сан Диего соопшти дека наредбите за евакуација остануваат на сила за областите означени со црвена боја, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат

СКОПЈЕ (АА) - Властите издадоа наредби и предупредувања за евакуација во делови од округот Сан Диего, во американската сојузна држава Калифорнија, откако пожарот Монте продолжи да се шири, опожарувајќи 340 хектари, од кои само 10 отсто се ставени под контрола, пренесува Анадолу.
Одделот на шерифот на округот Сан Диего соопшти дека наредбите за евакуација остануваат на сила за областите означени со црвена боја, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат. Предупредувања за евакуација беа издадени за околните зони означени со жолта боја, каде жителите се советувани да се подготват за можна евакуација.
„Ако чувствувате дека сте во опасност, заминете“, соопшти Одделот во објава на социјалните мрежи, нагласувајќи ги брзо променливите услови во опожарените подрачја.
Во Ел Кахон е воспоставен привремен пункт за евакуација на раселените жители.
Пожарот Монте беснее во областа Лејксајд во округот. Властите ги повикаа жителите да се информираат преку официјалните канали.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.