Протест „Не за војна против Иран“ се одржа во Њујорк
Многумина изразија страв за безбедноста на своите семејства во услови на зголемени тензии и неизвесност околу потенцијалното вклучување на САД додека претседателот Трамп размислува за својот одговор на конфликтот

СКОПЈЕ (АА) - Стотици демонстранти се собраа во паркот „Брајант“ во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), во знак на протест против воената кампања на Израел против Иран, јавува Анадолу.
Демонстрациите ги привлекоа активистите против војната и загрижените Ирано-Американци кои повикаа на деескалација.
Многумина изразија страв за безбедноста на своите семејства во услови на зголемени тензии и неизвесност околу потенцијалното вклучување на САД додека претседателот Трамп размислува за својот одговор на конфликтот.
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици се повредени оттогаш во иранските ракетни напади.
Во израелските напади врз Иран загинале 585 лица, а над 1.300 се ранети, според јавувањата на иранските медиуми.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.