свет

САД: Се разгорува дебатата за Русија меѓу Клинтон и Габард

Со приближувањето на американските претседателски избори во 2020 година, кај демократите на дневен ред дојде нова дискусија во врска со Русија

Hakan Çopur  | 20.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
САД: Се разгорува дебатата за Русија меѓу Клинтон и Габард

ВАШИНГОН (АА) - Тулси Габард, една од кандидатите на демократите за претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), што ќе се одржат идната година, реагираше на обвинувањата за нејзината „поврзаност со Русија“ упатени од страна на Хилари Клинтон, јавува Anadolu Agency (AA).

Со приближувањето на американските претседателски избори во 2020 година, кај демократите на дневен ред дојде нова дискусија во врска со Русија.

Изјавата на поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон, насочена кон Габард, сенаторката на Хаваи, дека е „претседателска кандидатка поддржана од Русија“, предизвика реакција кај демократите.

Габард ѝ одговари на Клинтон со зборовите: „Сака да ѝ наштети на мојата кампања и да ме истошти, но и самата добро знае дека нема да може да ме допре“, и истакна дека со ист интензитет ќе ја продолжи својата изборна кампања.

Од друга страна, некои демократски сенатори и пратеници реагираа на изјавата на Клинтон, и сметаат дека во екот на изборната атмосфера во која се наоѓа партијата, ваквиот начин на дискусии им наштетува на демократите.

Во своето вчерашно обраќање Хилари Клинтон истакна: „Не станува збор за каква било претпоставка, но нивните (Русите) очи сè уште се насочени кон еден од кандидатите на демократите кој учествува во кампањата и него го потхрануваат како кандидат на трета партија. Фаворит на Русите е тој (жена) кандидат“.

Габард, која нема големи шанси во изборната трка, влезе на дневната агенда со позитивните изјави насочени кон режимот на Башар ал Асад и позната е како име блиско до режимот на Асад.

Габард за овој нејзин став по прашањето за Сирија, што се разликува од партискиот, повремено беше тема за дискусии меѓу демократите.

Во последната дебата меѓу демократите, Габард ја обвини администрацијата на САД дека сака да го симне од власт режимот на Асад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.