Ahmet Gürhan Kartal
19 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
ЛОНДОН (АА) - Британските пратеници го одложија значајното гласање за новиот договор за Брегзит, постигнат од премиерот Борис Џонсон и Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците изгласаа амандман со кој премиерот Борис Џонсон се принудува да побара продолжување на рокот за Брегзит, до донесувањето на Нацрт-законот за повлекувањето од ЕУ во Парламентот.
Амандманот предложен од страна на група пратеници на чело со Оливер Летвин беше прифатен со 322 гласа за наспроти 306 гласа против.
Џонсон, според законот, ќе биде должен да побара одложување на Брегзит до 11 часот вечерва, според условите од „Актот Бен“, законот кој наложува премиерот да побара продолжување на рокот за Брекзит.
Џонсон по гласањето изјави: „Нема да преговарам со ЕУ за одложување, а ниту пак законот ме присилува да го сторам тоа.“
Тој истакна дека ќе поднесе Нацрт-закон за договор за излез од ЕУ до Парламентот следната недела.
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, го поздрави исходот.
„Тоа е јасно искажана одлука од страната на овој дом...Премиерот сега треба да постапува според законот“, истакна тој,
Џонсон сакаше денес да се изгласа новиот договор постигнат со ЕУ со што земјата би го напуштила Блокот на 31 октомври.
Пратениците од Конзервативната партија го напуштија Парламентот како реакција поради неизгласувањето на договорот.
Британскиот премиер Борис Џонсон инсистира Велика Британија да го напушти Блокот без или со договор на 31 октомври.