Cüneyt Karadağ
07 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) бараат од властите на Германија да испратат војска во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од германската војска очекуваме да може да ги замени дел од американските сили во северниот дел на Сирија“, изјави специјалниот пратеник на САД за Сирија, Џејмс Џефри.
Џефри во интервју за весникот „Велт ам зонтаг“ (Welt am Sonntag) истакна дека Германија веќе активно учествува во политичкиот процес за решавање на кризата во Сирија, како и во борбата против терористичката организација ДЕАШ, и додаде дека Вашингтон од Берлин очекува и конкретна поддршка во воена смисла.
Тој рече дека САД бараат партнери во борбата против ДЕАШ кои доброволно ќе ги интензивираат воените активности, и дека токму Германија е земјата од којашто се очекува такво нешто.
„Тоа не мора приоритетно да е испраќање воени единици. ДЕАШ најефикасно може да се порази во соработка со локалние сили во Сирија. Меѓутоа, помош е потребна кога станува збор и за воздушни операции, логистика и обука“, истакна Џефри.
Нагласувајќи дека целта е целосно уништување на терористите на ДЕАШ, Џефри рече дека во северниот дел на Сирија потребно е да се воспостави стабилност, со цел терористите да не можат да се реорганизираат.
„САД сакаат во Сирија да започне процес на политички реформи под покровителство на Обединетите нации, а иранските сили целосно да се повлечат од таа земја“, порача Џефри.