Muhammed Bilal Kenasari
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Илјадници лица се собраа во градот Шарлотсвил, во сојузната американската држава Вирџинија, за да искажат незадоволство поради нередите и насилството што на истите улици го ширеа екстремистичките групи, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните кои излегоа на улиците на Шарлотсвил носеа цвеќе и упатија пораки со коишто го осудија насилството.
Мајк Лудвик (47) за АА изјави дека денес се собрале во Шарлотствил за улиците да ги вратат назад.
„Трагите од фашистите мораат да исчезнат од улиците. Тие минатиот викенд носеа факели, но ние денес носиме цвеќе, и така ќе ја уништиме нивната трага“, изјави Лудвик.
Сара Витсон (26) изјави дека улиците на Шарлотсвил и во текот на историјата биле сведоци на насилство до какво што дојде за време на викендот.
„Мислевме дека до тоа повторно не може да дојде, но сето она што се случи јасно покажува дека се работи за потенцијал што во секој момент може да се активира. Поради тоа, излеговме да ги спасиме улиците“, истакна Витсон.
Градот Шарлотсвил за време на викендот беше средиште на расистички и екстремистички нереди, во кои има загинати и повредени лица.