?kipa
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
МАДРИД (АА) - Шпанската поморска служба за спасување во последните 24 часа успеа да спаси 600 мигранти кои од Мароко се обидоа да го преминат Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Службата соопшти дека во Гибралтарскиот Проток вчера биле спасени 424 мигранти, а 169 се спасени поисточно во Медитеранот.
Повеќе од 9.000 мигранти успеаја да стигнат до шпанскиот брег од почетокот на годината, што е двојно повеќе во однос на истиот период минатата година.
Десетици илјади мигранти од Африка се обидуваат секоја година да преминат во Европа со небезбедните чамци на криумчарите со луѓе, а илјадници на тој пат се дават.