Cüneyt Çelik
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
KAРС (АА) - Поранешниот полицаец во Турција Е.У, против кого е покренато обвинение поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, призна дека поранешни припадници на полицијата во оваа земја земале отсуство од работа и оделе во Соединетите Американски Држави (САД) за да „чуваат стража“ на имотот на водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен во Пенсилванија, јавува Anadolu Agency (AA).
E.У, за кој е утврдено дека го користел системот за шифрирана комуникација меѓу членовите на ФЕТО „ByLock“ (БајЛок), е обвинет за кривичното дело членување во терористичка организација, за што му се заканува затворска казна од 7,5 до 15 години. E.У откри низа информации за терористичката организација, која стои зад обидот за пуч во Турција во јули 2016 година.
Во изјавата наведена во обвинението, прифатенa од Судот во Карс, Е.У. говори за периодот од 2010 година кога се пријавил на испит во службата за обезбедување во турските дипломатски мисии во странство.
„Во тој период имаше лице со кодно име 'Алпер'. Тој не сакаше да влеземе на овој испит, односно да ја прифатиме службата во странските мисии. Ни беше кажано дека ако штитиме некој близок на организацијата да одиме или да останеме таму каде што сме“, рече Е.У.
Тој додаде дека и покрај овие предупредувања, тој одлучил да влезе на испитот, кој го положил, по што следела критика од припадниците на организацијата.
„Кога положив, Алпер ме критикуваше. Јас ги избрав странските мисии во Кувајт, Албанија и во Косово. Во тој период мојата сопруга беше болна, исто така ја приложив и нејзината документација. Иако тоа не беше меѓу опциите кои ги одбрав, беше одлучено да одам во Генералниот конзулат во Бостон“, откри Е.У.
Понатаму наведува дека за време на престојот во САД се запознал со припадниците на организацијата и присуствувал на верски собири што биле организирани таму.
„На крајот на овие предавања ми приоѓаше Нух Г. кој ме прашуваше дали во конзулатот има некои важни настани и каков е конзулот како личност, се обидуваше од мене да добие различни информации. Хух Г. од мене бараше на телефонот да ја симнам апликацијата „БајЛок“. Тој рече дека сета комуникација во рамките на организацијата ќе се одвива по пат на оваа апликација, по што ја симнав апликацијата и меѓусебно се додадовме во именикот“, изјави Е.У.
Тој, меѓу другото рече дека за време на неговиот престој во САД го посетил имотот на Ѓулен во Пенсилванија, и дека тогаш се соочил со одредени необјасниви работи.
„Кога последен пат го посетив имотот на Ѓулен кој наликува на фарма, во мај 2015 година, јас забележав дека на влезот во главната зграда е поставен безбедносен премин. Сурај Д., еден од високите челници на организацијата, ми рече: 'Тука се наоѓаат двајца мажи, полицајци од Турција, кои се припадници на организацијата. Тие зедоа неплатено отсуство и дојдоа тука да чуваат стража'. За време на посетата, тука забележав значајни имиња на организации од Турција“, изјави Е.У.