Kasım İleri
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Извештајот на Центарот за истражување на омраза и екстремизам при Калифорнискиот државен универзитет покажува дека во 2016, во споредба со претходната година е забележан значителен пораст на криминалот во САД, пред сѐ во големите градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот покажува дека е забележано зголемување на криминалот од омраза против муслиманите и Евреите за време на кампањата на претседателските избори минатата година во САД.
Во градовите Њујорк и Чикаго, бројот на кривични дела од омраза во 2016 година беше за 24 отсто повисок од претходната година.
Бројот на злосторствата од омраза во градот Синсинати, Охајо е зголемен за 38 отсто, додека во Колумбус во истата сојузна држава, порастот на злосторствата од омраза изнесува десет проценти.
Во градот Монтгомери, во северната сојузна американска држава Мериленд, бројот на злосторствата од омраза е зголемен за 42 проценти.
Истражувањето коешто се темели на податоци од државните и од федералните институции, покажува дека бројот на кривичните дела од омраза во градот Сиетл, во државата Вашингтон, е зголемен за шест проценти.