Ekipa
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во самоубиствен бомбашки напад во близина на центарот за воена обука во источниот дел на Могадишу, главниот град на Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Сомалиските безбедносни извори објавија дека бомбашот-самоубиец активирал експлозив во автомобил, во местото Ведкер, близу градот каде што се врши обука на сомалиската војска.
Во силната експлозија загинаа две, а беа повредени четири лица.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а слични напади на владините комплекси во Сомалија, од 2004 година ги извршува терористичката група Ал Шабаб.