Murat Karadağ
13 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ТОКИО (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдул Азиз Ал Сауд, во придружба на голема делегација бизнисмени, во неделата ја започна четиридневната посета на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралот Селман во вчеравечер беше пречекан на аеродромот „Ханеда“ во Токио, од страна на јапонскиот принц Нарухито.
Портпаролот на јапонската Влада, Јошихиде Суга изјави дека Јапонија е подготвена да ѝ даде поддршка на Саудиска Арабија во областа на економијата.
Суга додаде дека е планирано на билатералните средби да се зборува за проширувањето на економската соработка меѓу Јапонија и Саудиска Арабија.
Селман е првиот крал на Саудиска Арабија кој по пауза од 46 години ја посетува Јапонија, каде што треба да се состане со јапонскиот премиер Шинзо Абе и со јапонскиот цар Акихито.
Пред посетата на Јапонија, кралот беше во Индонезија и во Малезија, а треба да ги посети и Брунеите, Кина и Малдивите.