Emre Gürkan Abay
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ДА НАНГ (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин по неговата средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, во виетнамскиот град Да Нанг, во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) изјави дека фактот што не можеле да одржат одделен состанок покажува дека кризата помеѓу овие две земји и понатаму е присутна, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин рече дека одржале опуштена и пријателска средба со американскиот претседател Трамп.
„Но, фактот што не можевме да одржиме еден посебен состанок, покажува дека продолжува кризата меѓу нашите земји. Ние сме подготвени да ја зголемиме соработката во областите кои ќе бидат во корист на двата народи, отворајќи нова страница во нашите односи со САД“, рече Путин.
Истакнувајќи дека заедничката декларација за Сирија која го потпишале со Трамп, има големо значање за САД, Русија и другите земји, Путин додаде: „Со оваа декларација се укажува на важноста на продолжување на борбата против тероризмот. Мислам дека има едно посебно значање во однос на трагичните терористички напади кои се случија во последниот период во САД“.
Рускиот претседател нагласи дека со оваа заедничка декларација се потврдува поддршката за територијалниот интегритет на Сирија.
„Откако ќе заврши терористичката опасност во оваа земја, ќе се движиме политичко решение во рамите на одлуките на ОН“ додаде Путин.