Ekip
11 Март 2025•Ажурирај: 12 Март 2025
КРАМАТОРСК (АА) - Снимките направени денес (11 март) го прикажуваат моментот кога руските сили извршија двоен напад со беспилотно летало, при што беше предизвикан пожар и нанесена значителна штета на дел од владина зграда во Краматорск, Украина, јавува Анадолу.
Противпожарните екипи веднаш пристигнаа на местото на нападот за да го изгаснат пожарот предизвикан од нападот со беспилотно летало што го извршија руските сили.
Засега нема информации за жртви или повредени во нападот.