Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) - Најмалку четворица цивили се убиени во воздушните напади кои руските сили ги извршија врз населените места во деескалациската зона во Идлиб, на северозападниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Опозициската опсерваторија за надзор на воздушниот простор над Идлиб соопшти дека руските бомбардери денеска ги гаѓале населбите на западната периферија на Алепо, кои во границите се прогласени за идлибски зони на деескалација.
Цивилната заштита (Бели шлемови) соопшти дека во нападите во местото Кефер Еме загинале четворица, а ранети се тројца цивили.
Во соопштението се наведува дека спасувачките екипи го изгаснале пожарот и дека ги пребаруваат урнатините.
Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на сириската опозиција.
Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.
Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.