свет

Столтенберг: „Алијансата е подготвена да ја засили борбата против ДЕАШ на Блискиот Исток“

На дводневниот состанок во Брисел, министрите за одбрана на НАТО дискутираат за безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток, со посебен фокус на борбата против ДЕАШ, како и за улогата на Алијансата во Авганистан и руското ракетно распоредување

Ekipa  | 12.02.2020 - Обновена : 13.02.2020
Столтенберг: „Алијансата е подготвена да ја засили борбата против ДЕАШ на Блискиот Исток“ Фото: Dursun Aydemir/AA

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска за новинарите изјави дека НАТО е подготвен да ја засили борбата против ДЕАШ и да осигура поголема безбедност на Блискиот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).

На дводневниот состанок во Брисел, министрите за одбрана на НАТО дискутираат за безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток, со посебен фокус на борбата против ДЕАШ, како и за улогата на Алијансата во Авганистан и нејзиниот одговор на руските ракетни распоредувања.

„За нас е исклучително важно ДЕАШ никогаш да не се врати“, нагласи Столтенберг, осврнувајќи се на ужасното насилство предизвикано од терористичката организација.

Столтенберг ги повика министрите да ја повратат својата посветеност на мисијата на НАТО за обука во Ирак, за која рече дека игра клучна улога во борбата против ДЕАШ. Тој додаде дека други начини за помагање на Ирак и другите земји од регионот, исто така, ќе бидат на маса за време на состанокот.

Тој исто така наведе дека мисијата на НАТО за обука во Авганистан има за цел намалување на судирите меѓу силите на Владата и талибанските милитанти.

Столтенберг не ја криеше својата загриженост во врска со новите руски ракетни системи кои го прекршуваат договорот ИНФ.

„И покрај непочитувањето на Русија на договорот за контрола на оружјето, НАТО нема намера да распореди нови ракети на европско тло“, рече тој.

Тој потврди дека Алијансата е заинтересирана само за развој на конвенционалните можности и ракетните системи за одбрана воздух-воздух, како и повторно воспоставување на ефикасен режим за контрола на оружјето.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, исто така присуствуваше на состанокот, при што, надвор од официјалната програма, ќе одржи билатерални преговори со неговите колеги во врска со неодамнешните напади на режимот на Башар ал Асад врз цивилите во Идлиб.

Ден претходно, Столтенберг ги осуди нападите врз цивилите.

„Ги повикуваме Асад и Русија, затоа што Русија дава поддршка на режимот, да ги запре овие напади, да го почитува меѓународното право и целосно да ги поддржи напорите на ОН за да се обиде да најде мирно решение“, изјави Столтенберг пред новинарите на прес-конференција денеска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.