свет

Обединетите нации испратија 52 шлепери со помош во Идлиб

Помошта е наменета за населението во Идлиб и околните подрачја

Cem Genco  | 12.02.2020 - Обновена : 13.02.2020
Обединетите нации испратија 52 шлепери со помош во Идлиб

ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) во Идлиб испратија 52 шлепери со хуманитарна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).

Шлеперите преминаа преку граничниот премин Џилвеѓозу, во турската област Хатај.

Помошта е наменета за населението во Идлиб и околните подрачја.

Обединетите нации (ОН) често испраќаат хуманитарна помош за населението во Сирија, претежно во Идлиб.

На почетокот на неделата во Идлиб беа испратени 43 шлепери со помош.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın