Ali Cura
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, истакна дека во Запорожје, Украина, со високопрецизно оружје погодиле објект што обезбедува сервис за артилерискиот ракетен систем со висока мобилност ХИМАРС од САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде информации за акциите на руските воени единици во војната во Украина.
Наведувајќи дека руската Армија ја продолжува офанзивата во Украина, Конашенков рече дека за еден ден руската авијација со високопрецизно оружје ги погодила украинските војници во населбите Северск, Николаевка, Зајцево и Торецк во областа Доњецк.
Конашенков нагласи дека во овие напади неутрализирани се повеќе од 200 украински војници и 11 оклопни возила.
Истакнувајќи дека руската авијација ги нападнала украинските војници собрани во близина на населбата Белогорка во областа Херсон, Конашенков рече дека како резултат на овие напади загинале 15 украински војници.
Посочувајќи дека убиле повеќе од 30 украински војници, а повредиле повеќе од 502 во интензивниот напад на украинските војници во близина на населбата Першотравневое во областа Дњепар, Конашенков додаде дека во операциите во областа Запорожје се неутрализирани повеќе од 70 украински војници.
Наведувајќи дека руското воздухопловство со високопрецизно оружје ги погодило објектите во фабриката „Искра“, која го сервисира артилериски ракетен систем со висока мобилност ХИМАРС од САД, во градот Запорожје, Конашенков истакна дека руските ракетни системи за воздушна одбрана го собориле и борбениот авион на украинските воздухопловни сили „Су-25“ во населбата Александровка во областа Херсон.
Истакнувајќи дека собориле 14 беспилотни летала на различни места во регионите Запорожје, Херсон, Миколаев и Доњецк, Конашенков рече: „Во Украина досега се уништени 294 авиони, 155 хеликоптери, 1.995 беспилотни летала, 375 системи за противвоздушна одбрана, 5.028 тенка и оклопни возила, 839 ракетни фрлачи, 3.401 хаубица и 5.692 специјални воени возила.“